Тампониран патот Манастирец - Трстеник
12-11-2014 РЕГИОН

Тампонирањето на патот од село Манастирец за Трстеник кое започна минатата среда веќе заврши. Мештаните добија пат по кој од денеска слободно се движат со своите возила, а до вчера истиот беше непрооден.Во обиколка денеска беше и градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов.Генерално е задоволен од сработеното на две места забележа пропусти кој најавува ќе бидат корегирани во следните два дена, а за идната година ветува асфалтирање на овој пат.

 

Лазов слични вакви зафати планира и за село Паликура. Најавува дека можности има и таму да бидат пробиени неколку патни правци кој и тоа како ќе го олеснат комуницирањето на жителите со останатите населени места на многу побрз и поекономичен начин, но за тоа засега не открива многу.                                                          

      М.Младенова



Share

Додади коментар