На оддалеченост од околу 25 километри од Кавадарци или поточно на висорамнината Витачево денеска пожарникарите беа вклучени во гасење на шумски пожар. Беше опожарена површина од околу 20 хектари. Делуваа пожарникарите од територијалната противпожарна единица, противпожарната единица во Фени индустри, вработените во Македонски шуми-подружница „Бор“ Кавадарци, претставници на дирекцијата за заштита и спасување. Од пожарот беше формирана активна фронтална линија во должина од околу еден километар, надолжно покрај асфалтниот пат. Делуваше и екипата на брзата помош и екипата на Црвен Крст за пружење на медицинска помош на повредени кои учествуваа во гасење на пожарот...
За среќа ова се само делови од сценариото за денешната тактичко показна вежба „Витачево 2015“ со која Противпожарниот сојуз на Македонија и општинскиот проитивпожарен сојуз Кавадарци го одбележаа денот на пожарникарите 20 мај, а воедно ја покажаа и подготвеноста за делување при шумски пожар. Со акцијата раководеше м-р Петко Ристовски, претседател на општинскиот противпожарен сојуз Кавадарци.
АКцијата ја поздрави заменик градоначалникот на општина Кавадарци, Слободан Ивановски.
„ Оваа вежба ќе ја покаже спрмноста на сите повикани во најтешките моменти да се справат со огнената стиија. Општина Кавадарци секогаш ќе биде спремна да им помогне на пожарникарите. Се надевам дека ќе има и во индна вакви вежби кои ќе значат можност за доусовршување на сите пожарникари. На висиорамнината Витачево се наоѓа и најголемиот шумски етат во Република Македонија“ рече Ивановски.
Заменик директорот на Македонски шуми Горан Стојков им го честита денот на пожарникарството на пожарникарите и нагласи дека Македонски шуми имаат одлична соработка со пожарникарските единици.
„Македонски шуми е еден од субјектите кој посебно во шумските пожари прв се сретнува со ваквиот проблем. Тоа е причината што Македонски шуми е интерактивен учесник на сите вежби и сите подготовки за справување со пожарите посебно во шумите“ рече Стојков.
Денот на пожарникарството во Македонија секогаш се одбележува со пригодни манифестации меѓу кои е и денешната тактичко показна вежба на Витачево, рече претседателот на националниот противпожарен сојуз.
„ Пожарите во изминатите 20 години се доста присутни и прават големи штети.Причина за оваа вежба да биде во Кавадарци е одличниот локалитет, подготвеноста на пожарникарите и успешните акции досега“ рече првиот човек на националниот противпожарен сојуз.
Во денешната тактичко показна вежба свој придонес даде и кавадаречката полиција. Полицајци го регулираа сообраќајот на делницата од патот во непосредна близина на пожариштето.
Благодарници за успешна соработка денеска националниот противпожарен сојуз им врачи на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, на противпожарните единици на Кавадарци и на Фени индустри, и на здравствен дом Кавадарци.
Ангел Данов

Додади коментар