Во сабота ГРК Тиквеш го пречекува Охрид а во недела во Неготино Вардар игра со Аеродром
Ракометното првенство влегува во супер интересна завршница. Во суперлигашкиот плеј оф ке се игра претпоследното коло. Во борба за позицијата број 4 во сабота ГРК Тиквеш во салата Јасмин од 19 часот го пречекува Охрид, а во Битола на програмата е братската пресметка помеѓу Еурофарм Пелистер 2 - Еурофарм Пелистер. Во недела Бутел го пречекува Вардар. Во плеј аут групата утре Скопје и Радовиш одлучуваат кој ке игра бараж за опстанок а во сабота играат Прилеп и Струга.
Во женската ракометна супер лига во плеј офот во сабота се игра првиот дерби натпревар Металург - Вардар а во недела се игра вториот помеѓу Куманово и Ѓорче Петров. Во недела ке играат и Пелистер - Деспина и Чаир -Стружанка. Во женскиот плеј аут утре ке играат Овче Поле - Кузман Илинден, во сабота Астибо - Гевгелија а во недела Спартак - Шампион.
Во првата ракометна лига плеј оф група денес играат Јехона и Јуниор КВ и Младост - Куманово. Утре се среќавааат Драчево - Алкалоид и Работнички - Голден Арт а во недела Вардар во Неготино го пречекува Аеродром за заверка на пласманот во супер лигата.
Во прволигашкиот плеј аут Борец го победи Кичево со 57-44 во сабота играат Партизан - Текстилец и Шампион - Македонија ЃП а во недела Преспа и Астраион.
Мики Виденовиќ
Додади коментар