Судските службеници од Основен суд Кавадарци се приклучија во штрајкот
03-12-2015 РЕГИОН

Во организација на Здружението на судска администрација и Синдикатот на УПОЗ денеска судската администрација одржа предупредувачки штрајк. Во штрајкот се приклучи и администрацијата од Основен суд Кавадарци незадоволна од неповолните законски решенија донесени со законот за судска служба од минатата година.

Судските службеници  главните  забелешки  кои ги имаат се однесуваат на постапката за донесување на законот за судска служба од 2014 година, временскиот период во кој беше донесен, законски одредби кои во себе содржат рестриктивен  и репресивен карактер, карактер на дискриминација, одредби кои во себе содржат демотивирачки елементи за судските службеници, како и голем број законски одредби кои се недоречени и кои треба да подлежат на оцена на уставноста од Уставниот суд на Република Македонија.

 

Административците во судовите сметаат дека законот е донесен во нетранспарентна и скратена постапка, под изговор  дека се вршат измени  на постојниот закон, беше извршена измена на целиот закон. Исто така законот бил донесен во клраток временски период и без амандманска расправа. Законот кој ги натера на предупредувачки штрајк  судските административци, го укинува степенот на кариера, а предвидувал и поседување на сертификати за познавање на странски јазик и работа со компјутерски програми за канцелариско работење, но не за сите вработени, исто така новините во законот предвидувале  и вработување преку мобилност од една институција во друга, а со тоа се овозможувало  вработување на неквалитетни кадри на високи позиции. Улогата на советот на судска служба како највисоко тело во судската служба сега било маргинализирана и доведена до степен на второстепена комисија.

 

Според судските службеници оценувањето кое произлегувало од законот било инструмент за казнување  и на луѓе кои навремено и совесно ги завршувале своите работни задачи и биле оценети со позитивна оценка. Законот не бил усогласен и бил во коализија со останатите закони од сверата на трудовото право. Согласно овој закон на судскиот службеник  му престанува работниот однос на 64 години, што е во директна спротивност со законот  за работни односи и законот за пензиско и инвалидско осигурување.

 

Со предупредувачкиот штрајк  се апелира до надлежните веднаш да пристапат кон изготвување на измени и дополнувања на законот за судска служба и притоа да се земат во предвид  забележките кои се искажани од синидикатот и здружението , а во работните групи да бидат вклучени и нивни претставници и експерти.

Судската администрација е децидна, дека доколку со предупредувачкиот штрајк не ја потигнат целта и не се почнат измени на законот ќе продолжат со превземање на други мерки во насока на остварување на своите барања.

 

А.Д



Share

Додади коментар