Судската администрација од Основен суд Кавадарци донираше за кавадаречката болница
21-05-2020 РЕГИОН
Судската администрација на Основен суд Кавадарци се придружи кон многубројните иницијативи на солидарни граѓани во државата, донирајќи за ЈЗУ Општа Болница Кавадарци.
Донацијата којна се состои во прочистувач Xiaomi Mi Air Purifier 2s со високопрецизен ласерски сензор за честички, Microlife - бесконтактни апарати за мерење температура и женски спални за пациентките во болничките оддели, беше предадена на директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
САМИ МОЖЕМЕ ДА СТОРИМЕ ТОЛКУ МАЛКУ, НО ЗАЕДНО МОЖЕМЕ МНОГУ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ - е пораката од судската администрација во кавадаречкиот суд.
Додади коментар