Судиите од кавадаречкиот суд донираа 20% од платата во фондот за справување со корона кризата
20-05-2020 РЕГИОН
Заради сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа Република Северна Македонија, предизвикана од пандемијата со COVID - 19 и прогласената вонредна состојба, а со цел изразување на солидарност во справување со кризата, судиите од Основен суд Кавадарци донираа дел од платата (20%) во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од COVID 19.
Вкупно дониран е износ од 84.600,00 денари - стои во соопштението од Основен суд Кавадарци.
Додади коментар