Субвенции за кавадарчани кои ќе набават горилници на плин за казаните за ракија
03-02-2017 РЕГИОН

Производителите на ракија во домашни услови од општина Кавадарци кои ќе набават горилник на плин за своите казани ќе добијат надоместување на дел од трошоците. Општината вчера го објави јавниот повик и кавадарчани можат да аплицираат.

 

.Од општината објаснуваат дека овие субвенции ќе бидат исплатени  заради стимулирање на граѓаните за користење на обновливи извори енергија кои минимално го загадуваат воздухот и не влијаат на климатските промен. Средствата што ке ги надоместува Општина Кавадарци се  во износ од 5.000 до 10.000 денари во зависност од уредот кој ке се набави.

 

Право на учество на овој јавен повик имаат граганите на територијата на Општина Кавадарци, кои ке купат горилник на плин за печење на ракија по денот на објавување на овој Јавен Повик и ке поднесат барање за искористување на правото за надоместок.

 

За покривање на дел од трошоците граѓаните треба да поднесат барање до општината кое можат да го подигнат во Граганско Информативниот. Исто така при аплицирањето потребен е доказ за жителство, со доставување на личната карта на барателот со адресата на живеење. Доказ во оригинал дека е извршено купување на горилник на плин за печење ракоја, и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот.

 

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок, а барањата се доставуваат заедно со потребната документација во затворен плик на адреса на општина Кавадарци или пак во архивата.

 

По завршувањето на аплицирањето градоначалникот ќе формира комисија која ќе ги провери пристигнатите барања со документацијата, но и да изврши контрола на терен за веродостојноста на набавката и користење на горилникот на плин за печење ракија.

 

Исплатата на средствата ке се врши во континуитет, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот Буџет за оваа намена кој изнесува 600.000 денари.

 

Општина Кавадарци , во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ке ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно ангажирање. Во моментот кога ке се искористат средствата од предвидениот буџет,Општина Кавадарци го објавува завршувањето на јавниот повик на својата веб страница .

 

A.Д



Share

Додади коментар