Во рамките на карневалската програма утревечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена изложба на фотографии од карневалот 2014 година по што ќе следи традиционалниот „Концерт под маски“ на музичкото училиште „Боро Џони“. Во петок во 20 часот и 30 минути во Хотел „Сириус“ ќе се случи свеченото отворање на Струмичлиот карневал- 2015 и избор на принц и принцеза на карневалот . Во сабота со почеток во 18часот и 30 минути ќе можете да ја проследите интернационалната карневалска поворка која никако не треба да се пропушти.
По повод празникот „Прочка“ во недела од 11 часот ќе има детски карневал а објавувањето на наградените маски е предвидено за понеделник напладне на прес конференција. Ќе следи традиционална програма по повод чист понеделник и бел грав на плоштадот „Гоце Делчев“. За понеделни вечертта исто така во Центарот за култура ќе се случува изложба на карикатури на тема карневал а ќе бидат доделени и наградите за најдобрата карикатура и за најдобрите афоизми на тема карневал.
Денот вторник е поветен на посета на домовите на армасаните, помоција на книгата со еротски афоризми под наслов „Пасворд еротика“ и официјалното доделување на наградите за најдобри маски за да се заврши во среда со традиционалните тримерски обичаи. Почнувајќи од вечерва па се до наредната средна струмичани ја имаат привилгијата да живеат под маски, Тие пулсираат во ритамот на карневалските случувања, целосно посветени, инвестираат во маските и се радуваат а годинава уште еднаш можат да покажат колку се добри домаќини. Затоа и вие почуствувајте ги боите на карневалот. (повеќе во видео изданието на вестите)
Мирјана Мукаетова

Додади коментар