Викендот во Скопје се одржа државното првенство во стрелање за пионери и пионерки. Стрелците од Кавадарци заокружија со голем успех велат од стрелачкиот клуб. Пионерите со својот пласман застанаа на врвот пласирајќи се како први или најдобри во Македонија. Во оваа екипа вели претседателот на клубот Благој Пешиќ се Ќире Богев, Клеопа Грбиќ и Никола Петров. Момци кои несомнено го дадоа максимумот од себе и познавајќи ги стрелачките вештини пионерски докажаа дека се најдобри, додава тој. Според Пешиќ повеќе од одлични плсирајќи се на третото место се и пионерките во чиј состав стрелаа Менча Сотирова, Даница Мустеникова, Викторија Трајковска и резервниот стрелец Анѓелина Петрова.
Освен екипно за пофалба е и поединечниот пласман на нашите стрелци вели Пешиќ.Ќире Богев со 159 круга го совои второто место, испуштајќи го првото за само два круга.За само два круга првото место го испушти и Менча Стојанова пласирајќи се на четвртата позиција со отстреланите кругови. Двете екипи од Кавадарци ги водеа нивните тренери Илија Милков и Никола Илиев, а нивниот успех по само една ипол година е повеќе од одличен вели претсдателот на клубот додавајќи дека ако клубот финансиски закрепне резултатите ќе бидат уште подобри.
Додади коментар