Стојанче Лазов собира потписи за независен кандидат за градоначалник на Росоман, Петре Камчевски за советничка листа
17-08-2021 РЕГИОН

Со распишувањето на локалните избори закажани за 17 октомври годинава течат роковите предвидени во изборниот законик. Во тек е постапка за собирање потписи од независни кандидати за градоначалници и советнички листи.

 

Во подрачното одделение на ДИК во Кавадарци заклучно до денес претпладне се собираат потписи за градоначалник на Росоман од независниот кандидат, Стојанче Лазов и за советничка листа – група избирачи за Кавадарци, од подносителот Петре Камчевски.

 

Лазов претходно беше градоначалник на Росоман во два мандати од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а Камчевски е вработен во ЈП Комуналец.

 

Собирањето на потписи за независните листи  завршува на 30 август годинава, а граѓаните можат да го дадат својот потпис  секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а на ден 30 август 2021 година до 24:00 часот. Подрачната единица на ДИК Кавадарци се наоѓа во просториите на општина Кавадарци.

 

A.Д

 

 



Share

Додади коментар