Стојанче Лазов кандидат за градоначалник на Росоман на ВМРО-ДПМНЕ
13-09-2017 РЕГИОН

 

Актуелниот градоначалник на Росоман, Стојанче Лазов повторно ја доби подршката од партијата за да учествува во трката за трет мандат. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека се одлучиле Лазов да биде нивен кандидат и за изборите на 15 октомври.

 

 „За општина Росоман, актуелниот градоначалник господинот Стојанче Лазов, потврден кадар кој изминатите години ја потврди поддршката на граѓаните со големиот број реализирани дела и проекти“ рече Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тактизираат. Сеуште не го објавуваат нивниот кандидат за градоначалник на Кавадарци.

СДСМ на овие избори во трката за Кавадарци ќе учествува со Бетиане Китев.

 

А.Д



Share

Додади коментар