Стотина заболени од грип во неготинско и демиркаписко
04-02-2014 РЕГИОН

Стотина лица од Неготино и Демир Капија досега се евидентирани дека се заболени од грип. Ова денес го соопШти раководителот на организационата единица Неготино, при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.
Таа упати апел до граЃаните превентивно да влијаат врз спречувањето на појава на грип и да ги почитуваат препораките на лекарите се со цел да не заболат.


Тодоровска потсети дека 650 граЃани на Неготино и Демир Капија оваа сезона примиле вакцина против грип.
-Бројот на вакцинирани е за стотина поголем споредено со минатата година и претходните години. Се зголемува бројот на оние кои одлучуваат да се вакцинират и на тој начин да го заШтитат своето здравје од грип. Обично не сакаат да ризикуваат постарите лица над 60 години, хроничните болни, пациенти со белодробни болести, астматичари, лица со срцеви и бубрежни заболувања, додаде докторката.
Со претходна препорака, вакцина против грип примиле и деца.
С.Д.



Share

Додади коментар