Актуелната политичка состојба во земјава е на директна штета на стопанството и на компаниите оценија денеска на заеднички состанок членките на регионалните стопански комори на Кавадарци и на Прилеп. Тие имаа заеднички состанок во просториите на компанијата „Кожувчанка“ и ги согледуваа можностите за продлабочување на досегашната соработка но и на заедничката потреба од инфраструктурно поврзување на двете општини. Бизнисмените ја поздравија изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, но со нетпрение ја очекуваат изградбата на гасовод кој ќе даде значителен придонес во нивното работење.
„Ние сме една од најмладите стопански комори, членка на стопанската комора. На наша иницијатива е средбата во Кавадарци. Заедно сакаме да дадеме придонес за изградба на инфраструктурни проекти. Нашата стопанска комора ги опфаќа Кавадарци, Неготино Росоман Демир Капија. Благодарност до градоначалниците за разбирањето и подршката за овие средби и нивното разбирање за подобрување на инфраструктурата. Стопанката комора Прилеп има многу големи фирми и можеме да најдеме заеднички интерес и ние како комапнии“ рече претседателот на Регионалната стопанска комора Кавадарци, Митко Јанчев.
За успешна ја оцени соработката со бизнис секторот на Кавадарци и претседателот на прилепската регионална стопанска комора, Симон Наумовски.
„Од аспект на соработка со стопанственици од Кавадарци можам само да се пофалам и од ефектите на тоа работење. Никогаш човек не треба да е задоволен, треба да се оди напред и да се бараат нови можности за проиширување на соработката. На овој состанок ќе изнајдиме можности за проширување на соработката со доминантна желба и намера да се договориме за што побрза реализација на оној крупен зафат, регионалниот пат Градско Прилеп, кој ќе биде од извонредно значење за стопанството на двете општини. Ќе изнајдеме и други можности и правци и ќе ги дефинираме за побрз развој на стопанството во овие две општини во исклучително тешкиот момент во земјава за работа“ рече Наумовски.
Подршка бизнис секторот добива и од градоначлниците и локалните самоуправи. Денеска на состанокот присуствуваа и градоначалниците на Кавадарци, Неготино, Росоман и Прилеп. И нивниот став е дека соработката меѓу бизнисмените од двата региона треба да се продлабочува, а тие ќе даваат логистика и подобрување на инфраструктурата.
„ Кога зборувам за инфраструктурно поврзување, тоа е идниот патен правец кој преку Росоман, Кавадарци, оваа година ќе се реализира во делот на Демир Капија и фаришката клисура. Ќе отпочнат работите за поврзување со брз пат, нешто слично како автопат. Нешто слично не чека и во иднина . тоа е гасоводот кој во прва фаза ќе заврши во Кавадарци, а потоа ќе продолжи кон Прилеп, Битола и останатиот дел од земјата. Сакаме што побргу да се рализира, бидејќи тоа еден од сегментите на развој на стопанството. Во наредниот период ќе воспосатавиме и поцврсти релации со општина Кемал Паша, која што е индустриската зона на Измир Турција.“ рече Панов и апелираше до полицичарите од опозицијата, добро да размислеле кога е во прашање безбеднонста сотојба на РМ.
„Добро да размислат кога е во прашње пуштање на такви зли јазици и зли мисли низ етерот, бидејќи првите последици од таквото сценарио со случувањата во Куманово ги чувствуа прво бизнис секторот, а потоа и ние кои чекаме од бизнис секторотот. Без многу политизирање да се најдат други методи заполитчки борби, а не вакви кои значат разненбитување на економијата и на државата“ нагласи Панов.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ја поздрави соработката меѓу двете стопански комори и нагласи дека од секогаш има соработка меѓу овие два региона.
„Природна е врската на прилепскиот со тиквешкиот регион. Секогаш и низ децениите постоела соработка во стопанството. Поголемите фирми во земјава се наоѓат токму во овој регион. Преку дијалог со стопанствениците мораат да се решават крупни проблеми и да се реализират големи проекти кои ќе значат подобрување на условите за сите граѓани и подобрување на економската слика и стопснтвото во сите општини. 10 години градиме одлични односи со стопанската комора. Сите проекти кои се реализираат од средбите со стопанствениците, а и поглем број на предлог закони произлегле од тие средби во интерес на стопанствениците. Нашата цел е да создаваме што подобри услови за бизнис климата и стопанството и постојаните капацитети ги прошируваат со нови капацитети, да привлекуваме други домашни и странски инвеститори во сите оние индустриски зони кои ги создаваме во рамките на општината. Факт е дека во овој регион во тиквешкиот регион дојдоа големи мултинационални компании, ќе дојдат мултинационални компании и во Прилеп.“ рече Ристевски. И тој смета дека од витално значење е екпресниот пат за двата региони.
Подршка на бизнис секторот даваат и градоначалниците на Неготино и на Росоман.
Ангел Данов

Додади коментар