Кавадарци е повторно меѓу најдобрите и тоа по кој знае кој пат по заслуга на младите успешни ученици. Овој пат потегот на еден матурант од градот беше сосема доволен нормално, по заслуга на зад себе оставените резултати и успеси за Кавадарци да слушне и Р.Словачка. Имено за свои академски граѓани годинава седум стипендисти од Македонија ќе има Словачка.
Меѓу нив со целосна стипендија е Ристе Наумов од Кавадарци.Посебни услови за апликација немаше, вели за ктв Наумов, но секако пресудни за крајниот резултат беа просекот и постигнатите успеси од секое поле во образованието зад мене, додава тој.Стипендијата кој ја доби Ристе Наумов ја доделува Министерството за образование и наука на Р.Словачка заедно со македонското министерство за образование и наука. Од седумте стипендисти четворица се со целосна стипендија.
Добив целосно значи шест годишно стипендирање што значи една година изучување словачки јазик, три години факултет и две години пост дипломски студии, појаснува Наумов, кој скромно вели дека не очекувал да биде одбран токму тој па сега е пријатно изненаден и ветува дека ќе го даде максимумот од себе за како што вели горд да биде и самиот, но со неговите резултати и Кавадарци.Деновиве Ристе Наумов и останатите шест стипендисти од Македонија беа на официјален прием во кабинетот на министерот за образование и наука Спиро Ристовски од каде ја добија најголемата поддршка и желби за многу успеси. Во деталите за ктв Наумов беше повеќе од скромен па си зедовме за право малку да истражуваме и да потсетиме кој всушност е Ристе, какви успеси има и по што го памети Кавадарци па и Македонија. Тој е роден 1994 година. Основно образование завршува во ООУ Тошо Влеков Пепето, а средно завршува во Гимназијата Добри Даскалов.Зад себе нема ништо друго освен просекот од 5.0 во текот на цело школување и големиот број освоени места на повеќе натпревари во рамки и надвор од образованието. На Наумов кавадарчани особено се сеќаваат по спортските успеси.
Тој и неговата сестра се едни од првите младинци кој со своите огромни резултати го вивнаа карате спортот во височина .Карате Наумов во родниот град тренираше од второ одделение, а од петто па до денес на тренинг патува во Прилеп. Многу освоени места, медали, признанија и успеси на државни и меѓународни натпревари можеби беа само плус на просекот во одлуката за доделување стипендија на Наумов. Кавадарци сигурно посакува да има многумина како Наумов, на таквите особено се гордееме и секако им посакуваме и понатаму многу среќа.
Милица Младенова

Додади коментар