200 дечиња на возраст од 6 до 12 години се дел од Отворената забавна фудбалска школа во Кавадарци. Најмладите имаат можност да спортуваат, да другаруваат. Нивните насмевки и радоста која беше видлива од нивните лица покажуваат дека децата се најсреќни кога можат да спротуваат.
На првиот ден од отворената школа учесниците ги посети заменик градоначалникот Слободан Ивановски, кој потенцира дека локалната самопуправа секогаш е подготвена да подржува спортски манифестации кои обединуваат многу млади.
„Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи да ја подржува оваа манифестација. Најважно е младите да спортуваат и да се оддалечат од пороците кои демнат“ рече Ивановски.
Претседателот на Сојузот на училишни спортови Борче Ѓорѓиев е задоволен од големиот интерес за отворената забавна школа и информираше за активностите кои се реализираат. И тој апелираше младите слободното време да го користат за спортување.
А.Д
Додади коментар