НАМАЛЕНА Е СТАПКАТА НА КРИМИНАЛ ВО ВЕЛЕС.. ЗА 11 ПРОЦЕНТИ Е ПОНИСКА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.. ВО 2012-ТА, СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛЕС РЕГИСТРИРАЛ 1260 КРИВИЧНИ ДЕЛА ДОДЕКА ЛАНИ СЕ ПРИЈАВЕНИ 1115 СЛУЧАИ.. НАЈМНОГУ СЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИМОТОТ – КРАЖБИ И ТЕШКИ КРАЖБИ, А ЗНАЧИТЕЛЕН БРОЈ СЕ И РАЗБОЈНИШТВА.. СПОРЕД СТАТИСТИКАТА ОБЈАВЕНА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ЗНАЧИТЕЛЕН ПРОЦЕНТ ВО СТАПКАТА НА КРИМИНАЛ ЗАВЗЕМААТ КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ПРОТИВ ЖИВОТОТ И ТЕЛОТО.. ВО 213-ТА ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 216 СЛУЧАИ ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА..
СПОРЕД ЕВИДЕНЦИЈАТА НА МВР, СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛЕС ЛАНИ СЕ ПОКАЖАЛ КАКО НАЈУСПЕШЕН ВО СПРАВУВАЊЕ СО КРИМИНАЛОТ.. РАСФЕТЛИЛ 875 КРИВИЧНИ ДЕЛА.. КОЕФИЦИЕНТОТ НА ЕФИКАСНОСТ Е 78 ПРОЦЕНТИ..
СТАТИСТИКАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОТКРИВА ДЕКА НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА МАЛОЛЕНИЦИ СТОРИТЕЛИ НА КРИМИНАЛНИ ДЕЛА.. ВО 2013-ТА ГОДИНА, ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ПОКРЕНАЛА ПОСТАПКИ ПРОТИВ 105 МАЛОЛЕТНИЦИ ДОДЕКА ПРЕТХОДНАТА ПОСТАПУВАЛА ПРОТИВ 127..
ИНАКУ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛЕС СЕ И ПОЛИЦИСКИТЕ СТАНИЦИ ОД ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ ВО КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА.
З.Јаневски
Додади коментар