Станбена зграда ќе се гради во дворот на велешката касарна
18-02-2015 РЕГИОН

Станбена зграда на шест ката ќе се гради во дворот на касарната „Алексо Демниевски- Бауман“. Локалната самоуправа го објави огласот за продажба на државно градежно земјиште на кое предвидена е изградба на станбен објект. Се нуди парцела од 9.500 метри квадратни.  Според деталниот урбанистички план, станбениот објект ќе се простира на површина од 4.700 квадратни метри.  Зградата ќе биде висока 21 метар а становите во шесткатницата ќе имаат вкупна површина од 33 илјади квадратни метри.

Според огласот на општината, продажбата на земјиштето ќе се прави преку елктронско јавно наддавање. Почетната цена за метар квадратен изнесува 1.380 денари.. Заинтересираните кои сакаат да учествуаат ќе мора да уплатат и депозит од над 20 илјади евра. Инаку според почетната цена за квадратен метар, целата градежна парцела има вредност од над 13 милиони денари..

Идејата за изградба на станбен комплекс во дел од дворот на касарната е стара неколку години. Во 2010-та, тогашниот министер Зоран  Коњановски најави дека дел од горниот двор на касарната ќе се пренамени за изградба станбен комплекс. Според плановите, дел од изградените станови треба да ги добијат вработени во армијата.      

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар