Ставен во функција новиот ловечки дом во Неготино
02-08-2018 РЕГИОН

 

Во присуство на голем број ловци, активисти на друштвото, секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и други заинтересирани граѓани,  на пригодна свеченост во функција беше ставен новоизградениот ловечки дом во Неготино.

 

Средствата за реализацијата на овој проект целосно се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а новиот дом на Ловечкото друштво „Вардар“ е со површина од над 90 метри квадратни и е лоциран во кругот на старата Гимназија.

 

 

 

Како што информираа одговорните, новиот ловечки дом располага со 3 простории и истиот ќе им биде на располагање на над 200 ловци-членови на Ловечкото друштво „Вардар“.

 

Овде тие ќе ги планираат и подготвуваат своите активносто согласно годишната програма за работа, ќе се организираат работилници од едукативен карактер или накратко новиот ловечки дом ќе биде сврталиште за сите ловци од општина Неготино, но и пошироко.



Додади коментар