Кавадарчани и неготинци во текот на ноќта сепак ќе добијат вода за пиење. Последните информации што ги добивме од ЈП Комуналец и од прес службата на Општина Кавадарци говорат дека ставен е во функција алтернативниот водовод ХМС Бошава. Се очекува после полнењето на системот во наредните часови да потечат чешмите на граѓаните, се додека не се анулира проблемот со главниот регионален водовод Лукар.
Надлежните напоменуваат дека и оваа вода Е ИСПРАВНА за пиење бидејќи истата се филтрира во филтер станицата што неодамна беше изградена од општината и владата на РМ.
Ставањето во функција на водоводот од ХМС Бошава уследи откако поради ниските температури дојде до мрзнење на хидро објектите од регионалниот водовод Лукар, од каде со вода за пиење се снабдуваат жителите на Кавадарци, Росоман и Неготино.
А.Д

Додади коментар