Срушен потпорен ѕид кој беше опасност за минувачите
22-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци - Мој општинар, и екипа на ЈП „Комуналец“ денес отстранија стар руиниран потпорен ѕид кој беше потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот на ул.„7-ми Септември“.


Станува збор за стар ѕид од камен на локацијата кај старата Адвентистичка црква. Комуналци го расчистија просторот со скип и трактор, при што отстранија големо количество отпад и шут, неколку самоникни дрва, камења и земја.


Општината откако го расчисти просторот ќе изгради нов потпорен ѕид, со што ќе отстрани сериозна опасност по граѓаните кои го користат тротоарот кој е еден од нафрекфентните.



Share

Додади коментар