Со свирежи и со пароли, учениците од гиманзијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци денеска повторно излегоа на мирен протест. Ги обиколија улиците во градот, застанаа пред зградата на општината, од каде уште еднаш кажаа „не за математиката како задолжителен предмет на државна матура“ и „Не за новиот концепт на државна матура, кој опфаќа полагање на екстерните предмети со подлеба на тестовите на електронски и писмен дел.
Пред општината ги искажаа повторно своите барања. Рекоа дека минатата недела, иако по протестот им бил ветен одговор од градоначалникот и директорката на гимназијата до вчера попладне, одговор не добиле, затоа се одлучиле повторно гласно да говорат, со цел да бидат случнати нивните барања.
„Ние како средношколци во кои се гледа идината на нашата земја, која пред се треба да се темели врз квалитетен образовен систем, сакаме да го искажеме нашето незадоволство од овие реформи, бидејќи кога тие се носеа никој од нас не беше прашан за да го даде своето мислење. Инспирирани и охрабрени од постапките на студентите решивме и ние да си ги бараме своите права и да ги искажеме своите мислења, но никој не сака да го слуша тоа, па затоа мора да го правиме на ваков начин“ рече претставник на учениците од гимназијата и во име на сите присутни на протестот побара од надлежните побрзо да го остварат ветеното.
На протестот беше нагласено дека кога се запишувале сегашните матуиранти во прва година се воделе по претходно утврдениот концепт за полагање на државна матура во која математиката е изборен предмет.
„Вашите реформи кои ги воведувате со цел да го подобрите образованието, всушност претставува пречка на патот до успехот. Овде сме собрани за правата на учениците, за правата на средношколците, а не за политчки цели, како што многумина мислат и истите праќаат апел за спречување на протестот“ порачаа учениците и потенцираа дека не се откажувале, туку ќе биле упортни во реализрањето на нивните барања, бидејќи тоа биле нивни права. ВО овоие моменти сите средношколци делувале како едно семејство наречено „средношколски пленум“ под мотото „Стоп за лошите реформи во средното образование.
Од плоштадот учениците заминаа кон гиманзијата. Изикуваа „ не за математиката“ а беа поздравувани со аплаузи од граѓаните кои го следеа протестот. Најгласни беа гиманзијалците во дворот на училиштето. Таму повторно ги искажаа своите барања. Се израдуваа што дел од професорите излегоа и им дадоа подршка. Само дел од вработените во гиманзијата ги поздравија учениците со аплауз и рекоа дека целосно се согласуват со нивните барања. Учениците најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови.
Ангел Данов

Додади коментар