Среден просторот кај хотел „Балкан“
05-09-2019 РЕГИОН
На иницијатива на градоначалникот Јанчев се реализираше комунален проект за поплочување на просторот од северната страна на Хотелот „Балкан“ на улицата „7-ми Септември“.
Се работи за површина од 250 метри квадратни која беше запуштена и несредена, информираат од локалната самоуправа.
Денеска ангажираната оператива заврши со градежните работи, по што и последниот запуштен простор на градскиот плоштад беше поплочен и урбанизиран.
Овој дел од плоштадот сега има плато во три нивоа, кое ќе биде опремено со урбана опрема и предадено на користење на граѓаните на општината.

Додади коментар