Градоначалникот на Општина Кавадарци г. Митко Јанчев вчера продолжи со директните средби со граѓаните од Урбаните заедници во градот. Остварени се две, од кои првата со жителите од Урбаната заедница „Слога“. Во обраќањето пред присутните градоначалникот посочи дека на половина од мандатот тој и општината се соочија со сериозни предизвици, на кои достојно е одговорено со цел Кавадарци да стане поубаво место за живеење.
Градоначалникот нагласи дека досега успешно се реализирани 90% од предизборната програма.
Граѓаните беа потсетени на реализираните проекти и фактот дека во оваа УЗ со асфалт се обновени 6 улици, а во тек е асфалтирање на улиците „Февруарски поход и „Страшо Пинџур“. На овие улици има нов асфалт на површина од близи 7.000 метри квадратни.
Реализирани се проекти за поплочување на тротоари, пешачки патеки и улички. Извршени се интервенции на канализационата и водоводната мрежа на 9 улици, санирани се и ударни дупки по улиците. Во делот на еколошките проекти во овој реон се исчистени неколки критични точки со диви депонии, кои сега се претворени во зелени површини. Подигнати се и три потпорни ѕидови за стабилизација на земјиштето. Значаен реализиран проекте доградбата на нови занимални во објектот „Снежана“ -ваташка градинка каде е зголемен капацитетот за згрижување за 125 деца.
Граѓаните кон Јанчев упатиJа пофалби и позитивни критики за сработеното, но во дискусиите ги посочиа проблемите кои треба да се решат. Најголем дел од забелешките се однесува на санирање на постојни улици и подземна инфраструктура. Но сите беа едногласни дека општината и полицијата треба да го решат проблемот со старите нерегистрирани возила кои со нивните иматели се огромна потенцијална опасност во сообраќајот.
Од преставникот на полицијата беше посочено дека по донесувањето на измените во Законот, полицијата ќе може тие возила да ги одзема на самото место со што дел од проблемот ќе биде трајно надминат.
Во завршниот збор градоначалникот вети дека сите забелешки од средбата ќе се вградат во новата програма за 2020 година, и дека истата треба да се подготви според реалните потреби од ситуацијата на теренот.
Додади коментар