Средба на градоначалникот Јанчев со спортските клубови и здруженија
24-11-2017 РЕГИОН

 

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Претседателот на советот Ристо Сакалиев и соработникот за спортна Општина Кавадарци Боро Ѓорѓиев денес имаа состанок со спортските клубови и здруженија од Кавадарци.

 

 

Целта на оваа средба, како што информираат од кабинетот на Јанчев, беше директно вклучување на спортистите во плановите на општината за поддршка на спортот. Спортистите ги кажаа своите барања и идеи а општината вети дека сите ќе бидат рамноправни во однос на поддршка и развој на спортот. Ќе се формира и комисија од страна на спортските клубови која заедно со комисијата од советници ќе ги донесуваат важните одлуки и правилната распределба на стедствата кои се наменети за спортот.



Share

Додади коментар