Во рамките на редовните годишни активности за средби со вработените во институциите од образованието под надлежност на општината, градоначалникот Александар панов денеска оставри средба со наставниците и вработените во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци.
Во воведното излагање Панов се осврна на досега реализираните проекти во оваа институција кои пред се се однесуваа на подобрување на енергетската ефикасност на објектот, со цел подобрување на условите за работа и престој на учениците и професорите.
Говореќи за приоритетите во оваа година тој на домаќините им посочи дека годинава како приоритет е намената на средствата од Светска банка во целосна реконструкција на покривот на зградата, како и доградбата на 8 нови простории и училници.
Со овој зафат кој треба да биде „Финале во реконструкцијата на гимназијата“ оваа образовна институција целосно ќе биде реконструирана. Панов го запозна наставничкиот колегиум дека следен зафат ќе биде решавањето и на осветлувањето во објектот каде постојното неонско осветлување ќе биде целосно заменето со посовремено ЛЕД осветлување, кое покрај тоа што штеди повеќе енергија, дава и многу по природна светлина поблиска до сончевата, со што има многу помало штетно влијание на видот.
Средбата заврши со прашања од професорите кои во најголем дел се однесуваа на теми поврзани со можностите на подобрување на условите за вон училишна настава, поточно за изградба на базен во кругот на гимназијата, можноста за користење на објектот на општината во Михајлово како и околу Ски центарот Кожув кој би се користел во наставата по физичко воспитување. Панов им даде детални објаснувања при што опосочи дека општината на располагање им ги става двата мини буса, како и отворената можност за воспоставување на соработка со соодветно училиште од странство.
Додади коментар