Градоначалникот на општината Александар Панов реализираше две одеделни средби со жителите од месните заедници на селата Ресава и Бегниште, во рамките на редовните активност за претставување на програмата за комунална изградбз за 2014 година.
Од двете средби Панов доби иницијатива од мештаните за поддршка и лобирање кај менаџментот во фирмата „Дрекслмаер“ за прифаќање на млада работна рака која би се вработила. Како аргумент жителите од двете села го истакнаа фактото што има квалификувана млада популација како од машки така и од женски пол која е претежно со средно стручно образование оа ОСУ „Киро Спанџов-Брко“.
Во Ресава пред жителите Панов најпрвин ја претстави програмата согласно која во рамките на определените средства од страна на Советот на општината ќе бидат изградени неколку споредни улички, бидејќи главните се веќа урбанизирани. Жителите на селото кои присуствуваа на средбата најмногу се интересираа за подобрување на состојбата со бандерите за жиците за пренос на електричната енергија. Според согледувањата на Месната заедница има вкупно петнаесеттина бандери кои треба да се заменат. Но со оглед дека се тие под надлежност на ЕВН градоначалникот превзеде обврска со неговиот авторитет да се заложи во подружницата Кавадарци да се превземат соодветни мерки засанирање како не би се случиле несакани проблеми.
Ресавци побараа да се активира и стариот водовод со резервоарот за вода за пиење со што повторно би проравботиле селските чешми. Тие побараа и начин како да се санира мостот на Дабнишка река каде минува локалниот пат кон соседното Бегниште.
На средбата во село бегниште Панов исто така ги претстави приоритетите во комуналната изградба за 2014 година. Општ заклучок на сите присутни беше дека во селото повеќе нема проблеми со неасфалтирани или поплочени улици, како о со уличното осветлување. Најгорлив проблем според жителите е невработеноста, неисплаќањето на субвенциите за лозарите и неисплатеното грозје од ланската реколта од страна на винарниците.
Но она за што најмногу се дискутираше беше проблемот со одложувањето на сметот и отпадот од домаќинствата. Градоначалникот на селаните им понуду две алтернативи за надминување на оваа остојба. Првата е да се ископа септишка јама во која би се одлагал сметот,а втората е да се постави контејнер од 5м3 за износ на смет. Тој би се поставил на влезот од селото на проширувањето, а специјалното возило на ЈП „Комуналец“ износот на смет би го вршел на секои 1о дена. За алтернативите ќе треба да се изјаснат жителите на Бегниште, а одлуката преку советот на МЗ ќе ја достават до општината копја ќе го почитува и исполни нивното барање, се наведува во информацијата од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Додади коментар