Согласно програмата за реализирање на директни и непосредни контакти на градоначалникот со вработените во институциите од образованието Александар Пснов се сретна со наставничкиот колегиум и помошниот персонал во СОУ „Киро Спанџов-Брко“. Градоначалникот Панов во воведното обраќање најпрвин ги потсети на реализираните проекти во нивното училиште, а потоа говореше и за планските предвидувања во правец на подобрување на условите за работа во училиштето што ќе се превземат во оваа година.
Главна цел на општината годинава кога е во прашање индустријското училиште ќе биде целосната реконструкција на поктивот на училиштето. Но со оглед дека станува збор за азбестно цементен материјал-лесонитни плочи, постапката за одлагање на ваков материјале е посложена, бидејќи истиот може да се депонира и уништи само во скопска „Дрисла“ целата постапка малку доцни. Но како што кажа градоначалникот, најдоцна до крајот на март месец работите ќа започнат, а училиштерто ќе добие нов покрив кој нема да прокиснува.
Во делот наменет за прашања, домаќините во најгоелм дел се интересираа за подобрување на безбедноста во делот на пристапите до училиштето од регионалната улица „Шишка“. Им беше ветено дека во нај кус можен рок ќе бидат поставени безбедносни стобови со флуоресцентни ознаки, а на левата страна од улицата кон објектот ќе се направи проширување за паркирање на автобусите кои ги превезуваат учениците, со цел да се избегне нивно застанување на самата улица која е исклучително прометна и каде несовесни возачи ја прекорачуваат дозволената брзина.
Од училиштето искажаа интерес и за изградба на сообраќаен полигон, за кој имаат изготвено валиден сертифициран проект. Во овој дел панов им вети дека ќе предложи одлука на Советот за Јавно приватно партнерство со што би се реализирала замислата, која е од корист како на учениците, така и на останатите граѓани идни возачи,се вели во информацијата од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

Додади коментар