Центарот за развој на вардарскиот плански регион, фондацијата за одржлив економски развој Пред Палус и Стопанската комора на Македонија преку Регионалната комора со седиште во Кавадарци и Регионалната комора со седиште во Велес, денеска во хотел фени Кавадарци организираа бизнис средба со цел да се унапреди деловна соработка меѓу компаниите од Вардарскиот плански регион на Македонија и Јужниот,Северниот и западниот регион на Косово.Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев прв го имаше официјалното обраќање пред присутните. Чадиев истакна дека во време на инвестиции ова е погоден момент да се одржи бизнис форум битуби средби за продлабочување на бизнис релациите на компании од македонска и косовска страна и развој на прекуграничната соработка помеѓу двете земји.
Во својот говор градоначалникот на Велес ги спомна промените во светскиот менаџмент осознавањето на менаџерските вештини и инвестициите кој носат и нови вработувања.Советот за развој на Вардарскиот плански регион ја подржува соработката со бизнис секторот на Косово и веруда дека овој настан ќе предизвика нови партнерства и взаемна соработка потенцираше Чадиев.Со градоначалникот на Велес се сложи и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов истакнувајќи ја желбата за уште поголема соработка помеѓу Македонија и Косово.
На бизнис форумот битуби пред присутните денеска со свои видувања се обратија и претставникот на преда плус Прилеп Марјана Милевска, Валентин Хоџа претставник на делегацијата од Косово, Трајче Трајков претседател на регионалната комора со седиште во Велес и Митко Јанчев претседател на стопанската комора со седиште во Кавадарци.По официјалниот дел настанот продолжи со деловни средби меѓу македонските и косовските компании.
Зголемена соработка од ваквите средби на бизнис заедниците и стопанската комора очекува и Митко Јанчев претседател на регионалната комора со седиште во Кавадарци.Тој вели дека добро е кога почесто на заедничка маса ќе седнат бизнисмените од Македонија и Косово и ќе договорат што е она што го бара пазарот.
Ваквите соработки и новите бизнис планови пред присутните на денешната битуби средба Митко Јанчев ги истакна и во својот официјален говор.

Додади коментар