Специјализирано возило доби против пожарната единица Кавадарци од дирекцијата за заштита и спасување
03-10-2022 РЕГИОН

Деновиве  Дирекцијата за заштита и спасување донира 14 нови спрецијализирани возила  со пумпа за гасење на пожар на противпожарни единици во Македонија.

 

Специјализирани возила добија територијалните противпожарни единици на Кавадарци, Град Скопје,   Битола, Штип, Велес, Куманово, Тетово, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Прилеп, Охрид, Струмица и Кочани.

 

Новото специјализирано противпожарно возило за Кавадарци  го подигна Командирот на Територијалната противпожарна единица Александар Чадамов, во придружба на раководителот на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување  Драги Котев, и Советникот по мерките за заштита и спасување, Сашко Петров.

 

Со оваа набавка од 42,5 милиони денари, Дирекцијата за заштита и спасување  сериозно ја подобрува  техничката опременост на противпожарните служби во делот на гасење и справување со пожарите, дали се  пожари на отворен или се пожари во затворен простор.

 

Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема, најдобри услови за работа, бидејќи секогаш во критични и опасни ситуации тие се меѓу првите кои излегуваат на терен и граѓаните секогаш сметаат на нивна помош– велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 



Share

Додади коментар