СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ го одбележа патрониот празник
30-12-2013 РЕГИОН
Со полагање на свежо цвеќе на бистата на патронот и со културно уметничка програма СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци го одбележа патрониот празник. За работењето на училиштето и успесите кои гима постигнато пред присутните гости говореше директорот на училиштето Иван Иванов.
Тој нагласи дека квалитетот на наставата и условите за работа во училиштето континуирано се подобруваат, за што благодарност упати до локалната самоуправа и до владата. Иванов рече дека стопанството има потреба од кадар токму од струките кои се застапени во нивното училиште.
Одбележувањето на парониот празник беше збогатено и со културно уметничка програма подготвенаод учениците.
A.Д

Додади коментар