Деветте општини од Варарскиот регион денеска во Кавадарци расправаа како во иднина ќе се третира комуналниот отпад и по кој модел да се изгради регионална депонија. Пред градоначалниците од овие општини, беа претставени понудите и визиите за третман на отпадот од а две комапнии, потенцијални инвеститори. Компанија од Чешка, „Дертер“ ги претстави карактеристиките и нејзините активности во областа на отпадот, а дкомапинјата ИБР ГРУП од Италија карактеристиките, поволностите и рентабилноста на единствената одржлива технологија за преработка на отпад која го користисистемот на пиролиза.
„Од потенцијатлните инвеститори се запознавме со нивните понуди,. Останува да одлучиме како да ја завршиме постапката која ја тераме неколку години сите општини од регионот заедно. Во Вардарски плански регион да немаме 9 сметишта, туку да никнат две или една легална регионална депонија, а постоечките да ги претвориме во претоварни станици и да го решиме комуналниот оптад. Ќе внесеме на некој начин интелект и технологија од страна за да имеме третман на целокупниот отпад . Имаме компании од Чешка и Италија кои ќе дадат различни понуди. На нас останува да го избериме најповолниот начин како ќе го третираме комуналниот отпад и сето тоа сакаме да го изименаџираме да не биде на терет на граѓаните. Се што правиме и е поврзано со комуналниот отпад, како градоначалници имаме став дека не смее да биде на терет на граѓаните“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов на чија иницијатива се одржа денешниот состанок .
Претседателот на советот на Вардарски плански регион и градоначалник на Велес, Славчо Чадиев рече деветте општини од регионот се црврсто решени да изнајдат конечно решение за горливиот проблем со комуналниот отпад и досега биле одржани средби со повеќе претставници на меѓународни институции за собирање на искуство околу третманот на комуналниот отпад.
Откако им беа презентирани понудите од комапниите, градоначлниците им оставија дополнителен период за изработка на финални понуди. Една од комапниите понудила целосно третирање на отпадот по пат на технологија, а другата комапнија понудила превземање на депонијата и нејзин развој.
Ангел Данов
Додади коментар