Соработка меѓу кавадаречко и училиште од Италија
01-07-2013 РЕГИОН

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Кавадарци ќе работи на ширење на италијанскиот јазик. Денеска за таа цел училиштето потпиша меморандум за соработка со институтот „Ла Мармора“ од здружението на христијанските училишта од Бјела, Италија.

Соработката е подржана од Амбасадата на Италија во Македонија и општина Кавадарци.

 Потписниците на меморандумот, директорот на кавадаречкото училиште и училиштето од Италија, веруваат дека конкретните искуства од изучувањето на италијанскиот јазик, можат да помогнат во приближувањето на младите и локалното население до Италија.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и амбасадотот на Италија во Македонија, Фабио Кристијани. Тој во изјава за медиумите нагласи дека се надева на проширување на соработката.

„Реална перспектива е тоа италијански инвеститори да дојдат во Кавадарци. Италија има мрежа на мали претпријатија кои се специјализирани во областа на земјоделството кои може да соработуваат со овој регион“ рече амбасадорот на Италија во Македонија, Фабио Кристијани.

И градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов очекува продолабочување на соработката и на економски план и привлекување на инвеститори од Италија.

Ангел Данов



Share

Додади коментар