Кавадаречката полиција ги продолжува активностите за едукација на возачите и пешаците. Денеска се спроведе сообраќајно поучување за пешаци кои неправилно поминувале на пешачки премин, минувале на црвено, а не на зелено светло, кое дозволува поминување на улицата од пешаците. Исто така полицијата ги поучуваше и несовесните возачи кои не пропуштаат пешаци на местата означени за нив, на пешачките премини.
Инспекторот за превенција по сообраќајни работи, Диме Крстев вели дека овој прекршок е многу чест од страна на возачите и потсетува дека за истиот возачите можат да заработат казна од 300 евра но и забрана за Б категорија. Затоа тој апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност.
„Целта на овие поучувања е токму таква. Да им укажиме на грешките кои многу често ги прават како пешаците, така и возачите“ нагласува Крстев.
А.Д
Додади коментар