По повод светската и национална манифестацијата „Недела на безбедност на децата во сообраќајот“, Општинскиот совет за безбедност на соораќајот Кавадарци и полициската станица се вклучија во истата со едукативни предавања на децата од градинката „Рада Поцева“.
Мотото на активноста е „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, а целта е едуцирање на децата од најмала возраст , односно изучување на елементарните сообраќајни правила со цел подготовка на децата за нивно по безбедно учество во сообраќајот.
Денеска беа посетени дечињата од Ваташката градинка при што за сообраќајните правила, и потребата да се учат истите, им зборуваше членот на советот Горан Ристиќ , инспектор по сообраќај.
На крајот од часот наменет за сообраќајна едукација на децата кој се одржа во дворот на градинката на секое дете им беше поделен Прирачник по сообраќај; Правила за малите пешаци кој преставува убав дидактички учебник прилагоден за возраста на децата.
Да напоменеме дека автори на овој прирачник се воспитачки од градинката „Рада Поцева“ и истиот ќе го добијат сите деца кои посетуват градинка, ни изјави претседателот на ОСБСП Љупчо Лазов.
Додади коментар