Сообраќаен квиз натпревар за најмладите во Кавадарци
19-05-2015 РЕГИОН

Основните сообраќајни познавања на квиз натпреварот весел детски семафор денеска ги докажуваа дечињата од детската градинка Рада Поцева Кавадарци. Поделени во четири групи секој работен објект со своја екипа од сцената на домот на културата Иван Мазов Климе младите ги потенцираа правилата на движење, паркирање, основните сообраќајни знаци и нивните ознаки. Квиз натпреварувањето е традиционален настан кој во рамки со своите програмски активности секоја година го организира градинката во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци.

 

Сообраќајни правила и прописи, многу музика, песни, шеги на сметка на полицајците денеска понудија за публиката во домот на културата дечињата од градинката Рада Поцева Кавадарци. Во изложбениот салон на домот поставена беше за јавноста и изложбата од изработки на тема сообраќај.Сообраќајни средства и знаци, креативност, иновација, се на едно место.Трудот на родителите и желбите на нивните најмили.

М.Младенова



Share

Додади коментар