Во насока на подобрување и унапредување на бебедносната состојба на пешаците и возачите во градот, Општина Кавадарци го реализира проектот за поставување на соларни маркери на пешачките премини.
Станува збор за проект со кој на дел од најфрекфентните градски улици ќе се постават соларни светлечки маркери. Станува збор за современа технологија која овозможува пешачките премини ноќе да бидат осветлени со лед трепкачи во црвена боја, кои од далеку ќе ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Маркерите се опремени со фото волтаици и батерии кои дење сончевата светлина ќе ја претвораат и акумулираат во електрична енергија, со која во ноќните часови ќе се напојуваат трепкачките лед диоди - информираат од локалната самоуправа.
Општината за оваа намена издвои 195.644 денари, а со овие пари се набавени 155 соларни маркери на три улици и на кружниот тек кај автобуската станица.
На централната кавадаречка улица „Илинденска“ со соларни ќе бидат заменети старите рефлектирачки маркери, а соларни покрај на оваа ќе се вградат и на улиците „7 Септември“ и „Блажо Алексов“.
Ова е втор проект во кој општината за подобрување на безбедноста во сообраќајот користи современа ЛЕД технологија.
Во текот на летото на улицата „Илинденска“ беа поставени светлечки ЛЕД знаци за пешаци.
Додади коментар