Советот на општина Росоман ја одржа 42-та седница
30-06-2016 РЕГИОН

42 та редовна седница вчера попладне ја одржа светот на општина Росоман. На дневен ред беа повеќе предлог одлуки и извештаи, но советниците најмногу дискутираа по предлог извештајот на комисијата за образование, култура, спорт и одбележување на празници и манифестации.

 

Советничката на сдсм Маја Миленовиќ побара повлекување на точката од дневен ред со образложение дека бес предметно е да се дискутира за нешто што поминало. Со неа од говорница се сложи и Атанас Стојанoв, а дека нема да ја гласа програмата и извештајот јавно потенцираше и претседателот на советот Марјанчо Пенчев според кој доволни биле 200.000 денари за организација на Духовден. Ако се потрошени пари над оваа сума,  Пенчев советуваше организаторот да бара спонзорство.

 

Секоја година барате елита на Духовден фест, познати музички ѕвезди, настани слични на големите манифестации, присуство на голем број делегации, а имате скромен буџет за кој сега зборувате дека е сосема довлен. Ви благодарам ни тој годинава не е потрошен но барем јавно го слушнав вашето мислење рече на говорница градоначалникот Стојанче Лазов.

 

На оваа тема препукувњата продолжија во насока кој и како бил или не поканет на манифестацијата.Опозицијата меѓу која и претседателот на советот обвинија дека не добиле официјална покана ниту програма за Духовден, а советниците од власта жестоко нападнаа дека нивните колеги ниту еднаш како советници не се појавиле на манифестација во организација на општината, ниту пак ги удостоиле делегациите од пријателските земји во кој тие често патуваат и се пречекани на високо ниво.

По оваа дискусија усвоени беа останатите точки од дневниот ред без дискусии. Со по 5 гласа за и 3 воздржани освоени беа извештајот на комисијата за финансии и буџет, кварталниот извештај еден, поднесените барања, одлуката за пристапување на Росоман како соосновач на здружението Тиквешка винска долина, локалната урбанистичка планска документација и барањето од страна на агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар