Советниците во советот на општина Росоман вчера ја усвоија годишната програма за работа на детската градинка „Праскичка„ за воспитно- образовната 2020/21 година. Директорката на градинката нагласи дека градинката работи со намален капаците, поради епидемијата со корона вирус и дека целосно се почитуваат протоколите за работа од здравствените власти.
Усвоен беше и извештајот за работењето на Јавното комунално претпријатие Росоман за првите шест месеци од 2020 година.
На дневен ред на 41 седница беше и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во третиот квартал. Извештајот го образложи раководителот на секторот финансии, Ратко Стаменов.
Елаборатот за процена и утврдување на висината на штета од елементарни непогоди, мраз, слана и град за 2020 година на територијата на општина Росоман не се разгледуваше и истиот е вратен на доработка.
А.Д
Додади коментар