Советот на општина Кавадарци ја одржа редовната 33 седница
07-08-2015 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци денеска за приоритетен го одреди проектот за изработка на урбанистички планови за повеќе населени места од општината. Со овој проект општина Кавадарци ќе аплицира по јавниот повик за користење на средства од програмата за финансиска подршка за руралниот развој  за 2015 година.

Советничката Анита Гинова Каракутова рече дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја подржат одлуката бидејќи истата е од голем интерес за луѓето кои живеат во кавадаречките села, пред се за земјоделците кои по изработката на урбанистички планови ќе можат да аплицират по ИПАРД програмата. Јавно, подршка на одлуката искажа и советничката од ГРОМ, Божанка Минова.

Советот на денешната седница ги усвои и измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2015година. Беше донесена одлука за проширување на програмите за вршење дејности во новиот објект на детската градинка „Рада Поцева“ кој се наоѓа во спомен домот во Ваташа. За овој објект кој ќе овозможи проширување на слободните места за прием на деца во градинка беше донесена и одлука со која објектот „Ваташки цветови“  и се отстапува на корситење, одржување и управување на детската градинка „Рада Поцева.

Ангел Данов



Share

Додади коментар