Менаџирањето со општинската каса во првиот квартал од 2015 година и потребата од ребаланс на буџетот беа главните теми по кои денеска дебатира советниците во кавадаречкиот совет во рамки на 30 тата редовна седница.
За опозицијата, извршувањето на буџетот во првиот квартал не задоволувало. Советникот Зоран Бањански рече дека се потврдиле нивните предупредувања дека општината не работела ефикасно. Евидентно било дека во државата немало пари, а тоа се одразувало и во општината. Наспроти ставот на опозицијата, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев констатира дека за нивната советничка група извешајот бил прифатлив и тие ќе гласале позитивно за него.
„Не е сосема јасно како се трошеле парите, но е јасно како не се трошеле. Капиталните расходи се 11%, а како резултат на тоа се и улиците полни со дупки“ рече во својата дискусија советникот Горан Белевски и постави неколку прашања до градоначлалникот. Белевски се интересираше до каде била изградбата на нова градинка која била ветена пред 6 години. Констатира дека општината немала пари за градинка но имала пари да дава субвенции на ДММ. Исто така праша до каде била изградбата на колекторот во Глишиќ и Марена, изградбата на нова противпожарна зграда, подземниот коридор, новиот пазар, новиот пaркинг во Анот, кога ќе започнела со работа градинката во Ваташа, кога ќе се градел аква паркот.
Белевски констатира дека реализираното не кореспондирало со ветувањата и исто така праша зошто дел од вработените во локалната самоуправа работното време го поминувале во фејсбук кампања против опозицијата, а не за тоа што се трошеле половина од парите во буџетот, за нивните плати.
Образложение на кварталниот извештај и на потребата од ребаланс даде раководителот на секторот за финансии, Цанка Јовановска.
„Отварувањето на вкупните приходи по сите основи за првиот квартал е во износ од 133.376.046 денари во однос на планираните 667.757.000 денари или изразено 20% од планираното. Вкупните расходи се реализирани во висина од 18 отсто од планираното“ рече Јовановска.
Потребата од ребаланс на буџетот произлегла поради усогласување на комуналната програма, потребата од пренамена на одредени позиции во наменските дотации и во самофинансирачките активности во институциите финансирани од општинскиот буџет, како и пораи аплицираните проекти финансирани со средства од Европската унија. Буџетот со ребалансот се згоелмува за 59.185.000 денари.
Советот денеска го усвои и извештајот за реализацијана манифестацијата Свети Трифун 2015, а се разгледуваше и работењето на ЈП Комуналец во минатата година. Советниците го поздравија работењето и остварувањето на добивка. Советниците од опозицијата побараа добивката да се рефинансира во корист на граѓаните. Во дискусиите беше нагласен големиот напредок во водоснабдувањето.
Советникот Горан Белевски оцени дека добивката не била репер дали комуналното претпријатие работело успешно или неуспешно. Тој повторно праша дали се размислува за намалување на цената на водата и колку време ќе се вршела набавка на канти за смет. Директорот на Комуналец, Илија Атансов одговори дека кавадарчани се меѓу граѓаните во земјава кои плаќаат најевтина вода и дека тоа било политичка одлука која треба да ја донеси советот, но тој нагласи дека многу наскоро цената на водата ќе ја утврдува на ниво на држава регулаторна комисија. Според советникот Ташо Радњански доколку се случи регулаторна комисија да ја одредува цената на водата тоа ќе значело и дополнителни издатоци од домашните буџети на граѓаните.
Советникот Слободан Ивановски анализирајќи го извештајот за сработеното ја нагласи надоградбата на СКАДА системот, реконструкцијата на водоводни, канализациони и атмосферски линии. Светничката Божанка Минова исто така изнесе позитивни оценки за работењето посебно во делот на редовното водоснабдување и зголеменото фактурирање на потрошената вода. Апелираше поквалитетно да се враќаат раскопаните улици во првобитна состојба после направени реконструкции.
Директорот Атанасов одговори дека ќе има покачување на платите на вработените за пет отсто согласно усвоената програма на претпријатието. Тој информира дека во моментот биле набвавени 5000 типизирани канти за износ на смет, а уште толку ќе бидат набавени во наредниот период и истите бесплатно ќе им се делат на граѓаните.
Извештајот за работењето на Комуналец во минатата година беше усвоен со 11 гласа „за“ и 5 „против“. Со итиот однос на гласови беше усвоена и одлуката за измена на годишната сметка и финансискиот извештај за 2014 на Комуналец за 2014 година.
На денешната седница без дискусии беа усвоени извештајот за реализацијата на програмата за уредување на граежно земјиште на просторот на општината за 204 и предлог програмата за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежнно земјиште. Беа усвоени и повеќе урбанистички одлуки, и предлог програми и одлуки.
Ангел Данов

Додади коментар