Советот на општина Кавадарци ја одржа 12-та седница
01-02-2014 РЕГИОН

Како се наближуваат избори така се загреваат и страстите во советот на општината. Денеска заседаваа советниците од кавадаречкиот совет. Се слушнаа бројни дискусии и обвинувања, обид за поентирање и собирање на политички поени. Беше усвоена програмата за одбележување на празникот на лозарите Свети Трифун на што претходеа неколку дискусии и реплики. Опозицијата смета дека на лозарите не им е дојдено до празнување,  во моменти кога не им е исплатено грозјето и не им се доисплатени субвенциите за 2012 година,а не е ниту започната испалтата на субвенциите за 2013 година.

Побараа на посебна седница да се расправа за проблемите со кои се соочуваат лозарите. Иако локалната власт нема надлежности во овој сегмент сепак, тие сметаат дека треба  да понудат предлози за надминување на долгогодишната агонија во која се наоѓа лозарството.

Градоначалникот Александар Панов рече дека проблемот не е од вчлера и дека во континуитет се работи на подобрување на состојбите и апелираше говорницата да не се злоупотребува за дневна политика.

Годинава општината Свети Трифуин ќе го празнува со буџет од околу 500 илјади денари. Програмата која ја усвои советот содржи културно уметнички аспекти, изложби со тематика лозарство и винарство, дегустации на вино и ракија и церемонија на симболично закројување на виновата лоза.

Повеќе од еден час советниците разгледувајќи го финансискиот извештај за реализација на програмата за активностите на општината во областа на спротот и младите во 2013 година потрошија за реплики и обвинувања за состојбите со спортот во градот. Опозицијата смета дека многу малку општината им помага на спортските колективи. Особено беше нагласена лошата состојба со ГФК „Тиквеш“. Дел од опозиционите советници му забележаа на градоначалникот дека не доволно се залагал за одржување на фудбалскиот клуб. Некои пак рекоа дека општината не доволно издвојува средства од буџетот за подршка на спортот. Други, пак, дека извештајот е мнгоу краток и нема добра прегледност како се трошени буџетските пари одвоени за спортски активности. На моменти советниците од власта и опозицијата се докажуваа кој што имал направено за спортот во градот.

Градоначалникот Панов со став дека наместо подршка на професионален спорт, општината треба да се насочи кон подршка на масовен спорт, каде ќе се вклучат што повеќе млади луѓе кои ќе бидат оттргнати од пороците на денешницата, а преку спортот ќе можат да се докажува нивниот талент. По бурните дискусии и реплики сепак  финансискиот извештај беше усвоен.

Во рамки на денешната седница беа донесени неколку одлуки кои се однесуваат на урбанистичко планска документација. Се донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект-доградба на училишната зграда на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“. Советот даде согласност за склучување  на договор за соработка помеѓу општина Кавадарци и Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Ангел Данов



Share

Додади коментар