Советот на општина Кавадарци утре ќе избира командир на полицијата
21-04-2015 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци утре во рамки на 27 та седница ќе избира командир на полициксата станица од општа надлежност Кавадарци. До советот,  МВР ги предложи Борче Мустеников, Тони Ангелов и Дејан Николов.

Пред советниците се две одлуки за утврдување на нацрт детални урбанистички планови. Ќе се разгледуваат и извештајот за редовното работење на ЈП за стопанисување со спортски обејкти „Мито Хаџи Василев“ Кавадарци за 2014 година, програмата за работа на домот на културата „Иван Мазов Климе“ и статутот на музеј галерија Кавадарци.

 

Советот ќе ја разгледува и информацијатаз а состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за второто полугодие од минатата година.

 A.Д



Share

Додади коментар