Советот на општина Градско денеска во рамки на редовната 23 седница ги увои кварталниот извештај и ребалансот на буџетот.
Пред советниците се најде извештајот за тоа како се трошени буџетските средства во вториот квартал од оваа година. За извештајот гласаа пет советници, додека тројца беа против.
Едногалсно советот го увои и ребалансот. Во буџетот се прошируваат ставките со средства во винсина од 825,000 денари, пари кои ќе бидат наменети за организирање на форумски сесии.
„Општината го доби проектот од Швајцарска агенција и повторно во последните месеци од оваа година ќе се одржуваат форумски расправи за тоа како да се трошат буџетските средства и кои се приоритетите на жителите на општина Градско“ ги информира советниците градоначалничката Жанета Чаушевска.
А.Д
Додади коментар