Советот на млади од општина Неготино ја одржа својата прва работна седница. по усвојување на дневниот ред на кој беа предложени 10 точки , во присуство на сите 12 членови, неготинскиот Совет на млади ги усвои, избра раководните тела на Советот на млади. за свој претседател младите советници ја избраа Ивона Атанасова, за секретар беше избран Ѓорѓи Јованов, за благајник беше избран Томислав Насков а за соработник за односи со јавноста, младите советници го избраа Јордан Лазов. на првата седница беа избрани и координаторите на работните групи на младинскиот совет. За координатор на работната група за образование и наука едногласно беше избран Стефан Андонов. едногласно беше избрана и Кристина Тодорова за координатор на работната група за екологија.За координатор на работната група за соработка со невладиниот сектор беше избран Мите Јаначков.За координатор на работната група за младинска политика и информирање се избра Никола Богески. За координатор на работната група за култура се избра Анета Трајкова.
За координатор на работната група за поддршка при вработување младите советници го избраа Дејан Пановски и за координатор на работната група за спорт едногласно беше избран Тоде Мицов. На седницата беше договорен и настан за промоција на формираниот Совет на млади од општина Неготино кој ќе биде реализиран наредна недела со цел да се запознаат сите млади лица од Неготино за работата на советот како и да можат да се вклучат со свои идеи и поддршка за идните прокети.
Инаку, Советот на млади е претставничко тело на младите од општина Неготино во кое се вклучени членови од граѓански организации, културно-уметнички друштва, подмладоци на политички партии, претставници од претседателството на училишните заедници и други форми на младинско организирање.
По разгледувањето на поднесената соодветна документација, Советот на општина Неготино го донесе, усвои младинскиот совет кој го сочинуваат: Стефан Андонов ( Младинска организација при СОУ„Св.Кирил и Методиј“),Томислав Насков (Здружение на граѓани Центар за Регионален Одржлив Развој), Анета Трајкова (Младински Образовен Форум – МОФ), Мите Јаначков (Медиум - Неготино Инфо), Јордан Лазов (Клуб на Млади при ООЦК Неготино),Ѓорѓи Јованов (Планинраско друштво АНТИГОНЕА Неготино), Кристина Тодорова (Здружение на граѓани ЕКОВИТА), Никола Богески (Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ)), Ивона Атанасова ( Унија на Млади Сили – ВМРО ДПМНЕ – Неготино), Дејан Пановски ( КУД Ацо Ѓорчев – Неготино) и Тоде Мицов (Навивачка Група ВИНАРИ – Неготино).
Маја Алексовска

Додади коментар