Советот на општина Кавадарци на денешната седница едногласно ги раскина договорите за јавно приватно партнерство за уличното осветлување и за зонско паркирање.
Договорот со концесионерот за улично осветлување ќе биде спогодбено раскинат објасни градоначалникот Митко Јанчев поради потребата од модернизација на уличното осветлување., а модернизација согласно развојот на технологијата било неможно да се спроведува бидејќи претходната локална власт го потпишала договорот на 15 години.
Едногласно советот даде согласност да се прекине и договорот за паркирање бидејќи седум месеци по потпишувањето истиот неможел да се спроведува. Градоначалнилот Митко Јанчев рече дека приватниот партнер уплатил 1.8 милиони денари но од МВР не била дадена согласност за дополнителни парконг места.
Седницата е во тек. Наскоро ќе објавиме извештај за текот на дискусијата по однос на овие две точки.
А. Д
Додади коментар