Советот на Градско го усвои ребалансот на буџетот за 2013
12-11-2013 РЕГИОН

Советот на општина Градско вчера ја одржа редовната шеста седница по ред. На дневен ред 10 точки по кој расправаа советниците од редовите на власта и еден советник од опозиционата сдсм во отсуство на преостанатите тојца колеги од опзицијата која седницата ја напуштија во знак на солидарност кон Мирослав Шиповиќ.

 

Со шест гласа за советниците го усвпија измените и дополнувањата на буџетот како и предлог одлуката за ребаланс на буџетот на општина Градско за 2103 година. Исто со шест гласа за советот вчера го усвои и предлог оперативниот план за заштита од снежни наноси, лавини и луњи за територијата на Градско за следната 2014 година. Подршката од советниците ја доби и предлог програмата за зимско одржување  на локалните патишта и улици на подрачјето на Градско за сезоната 2013/2014 година. Предлог планот за развој на комуналните дејности за периодот октомври 2013 октомври 2016 исто беше на дневен ред и по кратка дискусија со шест гласа за ја доби подршката од советниците.На вчерашната шеста седница по ред изгласани беа и предлог програмата за енергетска ефикасност, предлог годишниот план за енергетска ефикасност и поднесените барања. 

М.М



Share

Додади коментар