Не работи општинскиот совет на Велес. До средината на идниот месец, 23-та советници се на годишен одмор. Претседателот на советот Александар Колев вели дека редовна пракса е општинскиот совет да прави пауза од средината на јули до средината на август..
Првиот човек на градот пак вели дека ќе има работно лето. Градоначалникот Славчо Чадиев немало да користи работни денови кои ќе ги оправда со годишен одмор. Вели дека дури на крајот од летната сезона ќе оди на викенд во некој од планинските туристички места во државата.
Иако за советниците е годишен одмор, претстедателот на општинскиот совет вели и во овој период може да се одржи седница.. ќе се седне во советничките клупи ако треба да се донесе одлука неопходна за работата на локалната самоуправа..
Последната општинска седница, советот ја одржа на 11 јули.. на дневен ред беа 12 точки.
Зоран Јаневски
Додади коментар