Со јапонски грант ќе се реновираат училишта во Велес
11-03-2015 РЕГИОН

Со јапонска донација ќе се менува парниот котел за училиштата „Благој Кирков’, „Џинот“ и „Маца Овчарова“. Јапонската влада додели грант од вкупно 54 илјади евра. Со парите ќе се реконструираат и 20 тоалети а ќе се менуваат и врати на училниците..

Идниот месец ќе почне поставувањето на котелот, односно по завршување на грејната сезона.. останатите градежни работи ќе се одвиваат во текот на летниот распуст..

Инаку во тек се активностите за поставување лифтови во училиштата васил главинов и гимназија. Ќе биде наменет за лицата со физички хендикеп.. моментално се бара најприфатливото решение - треба да се утврди дали лифтот ќе се монтира во внатрешноста или ќе се поставува надвор од објектот..

Реализацијата на овој проект се спроведува со пари од УСАИД..

Инаку договорот за јапонската донација се потпиша завчера. Ова е втор пат јапонската влада да обезбеди грант за општина Велес.  Пред осум години набави мамограф за велешката болница.

З.Ј



Share

Додади коментар