Со музика матурантите од Неготино го завршија последниот час
21-05-2015 РЕГИОН

Со традиционална прослава во холот на училиштето и училишниот двор, со песна и ора матурантите од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ од Неготино вчера го одбележаа својот последен учебен ден во училиштето. Со дефиле низ главната улица, прославата ја продолжија на градскиот плоштад и старата градска чаршија. Како и секоја година така и оваа, матурската вечер ја организира Младинската организација при неготинската гимназија, а ќе се одржи вечерва 21 мај во хотел „ Парк “ во Неготино.

 

Имено, во понеделникот Собранието на Младинската Организација ја одржа својата последна седница за оваа учебна година, на која претседателот на младинската организација Стефан Андонов, имаше завршно обраќање и во име на сите ученици и членови на Организацијата им посака многу успеси во работата на Младинската Организација и во наредната учебна година. честитка до матурантите упати и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој исткна:

Вие  кои сте млади луѓе полни со позитивна енергија располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убеден сум и се надеваме дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе ја подобрите надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери.

 

Вечерва, заедно со раководниот тим на Вашето училиште и Вашите професори ќе го прославите завршувањето на една значајна развојна фаза од Вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, и како и ние возрасните, така и Вие средношколските денови и матурирањето ќе ги паметите целиот живот. Тимот на КТВ телевизија на сите матуранти им го честита матурирањето со желби за многу, здравје и успех како на личен така и на професионален план.

 



Share

Додади коментар