Снежните три дена во Кавадарци поминати без проблеми и со оценка за сообраќајна безбедност на високо ниво. Ова е ставот на кавадаречката Полиција која вели дека во зимски услови кавадарчани се посебно внимателни во сообраќајот. Изминатите три дена со снег во статистиката на ПС Кавадарци остануваат забележани како одлично поминати и со ниту една регистрирана сообраќајна незгода информира за ктв командирот на ооделението за безбедност во сообраќајот Марјан Тасовски. Работевме интензивно на терен со зголемен број на екипи кој особено делуваа на критичните места како што се патниот правец Градско Прилеп, мостовите и надвожњаците, додава командирот на сообраќајна.
Позитивната сообраќајна безбедност во овој период од годината и по првиот снег зимава Полицијата ја гледа во поголемата сообраќајна култура кај возачите, почитувањето на правилата и прилагодената брзина на движење според условите на патот, но позитива плус е велат надлежните од внатрешни и навременото делување на зимските служби за расчистување на патот. Навреме делуваа локалниот концесионер и Македонија Пат па поминавме без сообраќајни незгоди уште еднаш потврдува Марјан Тасовски.

Додади коментар